Вчера започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, со што на македонска територија треба да биде изграден 66,7 километри долг гасовод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција
Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 60 милиони евра, а истиот треба да биде завршен за 22 месеци.
Капацитет треба да биде 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.
Гасоводниот интерконектот треба да донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните и поголема конкурентност за компаниите.
Истиот ќе го гради кумановската компанија Рапид билд.
Која е „Рапид билд“
Според информации од официјалната страница станува збор за градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби, итн..
Компанијата работи од февруари 2012 година.
Сопственици и основачи на компанијата се друштвото за градежништво и трговија Квалитет-пром ДООЕЛ увоз-извоз Куманово и друштвото за производство и трговија на големо и мало, увоз-извоз Детоил ДОО Куманово, кои поседуваат по 50%.
Фото: Влада