Во октомври најтргувани акции на Македонската берза биле акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Гранит АД Скопје.
Со акцијата на Комерцијална банка е остварен промет од 153,2 милиони денари, покажува билтенот на Македонска берза.

Со акцијата на Алкалоид е остварен промет од 52,5 милиони денари, а со акцијата на Гранит, 48,7 милиони денари.
Во Топ 5 се и акциите на Макпетрол АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Bard-kop, која продолжува да купува акции на Гранит
Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во третиот квартал














