Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Македонијатурист, најтргуваните во август

Македонската берза го објави билтенот за август, кој покажува дека за тој период најтргувани се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје.

Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 108,1 милиони денари, со акцијата на Алкалоид, 80,8 милиони денари и со акцијата на Македонијатурист, 28,8 милиони денари.

Во Топ 5 најтргувани се и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести