Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална Стопанска банка Скопје и Алкалоид, најтргуваните во мај

Македонската берза го објави билтенот за мај кој покажува дека најтргувани акции за тој период биле акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје.

Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 175 милиони денари, со акцијата на Стопанска 101,9 милиони денари, а со акцијата на Алкалоид, 98,5 милиони денари.

Во Топ 5 се и акциите на Макпетрол АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад на прометот и раст на трансакциите на Македонската берза во мај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести