Колкава плата лани имала директорката на Лотарија на Македонија

Во годишниот извештај за минатата година објавен преку Македонската берза, Лотарија на Македонија АД Скопје ја објави и платата на генералната директорка, Мирјана Настовска Митрова, податок кој го објавуваат мал број на друштва кои котираат на Берзата.

Таа согласно менаџерскиот договор лани имала годишна бруто плата од 1.279.564 денари.

На членовите на Одборот на директори на Друштвото, пак им бил исплатен бруто износ од 1.223.988 денари.

Членови на Одборот се Драган Наков, кој е независен член, како и Штерјо Наков, Тодор Сејзов и Стефан Станкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Лотарија на Македонија лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести