Хрватска и оваа година е дефинитивно најскапата дестинација за летување во регионов.
Како што пишува biznis.kurir.rs сместување во Ровињ е 27 илјади евра за седум дена во луксузни вили, а апартман таму ретко се наоѓа под 250 евра. На Хвар пак цените достигнуваат и до 40.998 евра, а долната граница е 250 евра. Во Макарска, пак цените на вилите се движат помеѓу 4.000 и 5.000 евра, а поевтини станови може да се најдат по цени од 260 до 700 евра.
Во Црна Гора пак може да се најде сместување и од 30 евра по ноќ, а најскапите опции надминуваат 2.000 евра на ден. Во Херцег Нови, апартманите за две лица за седум дена почнуваат од 220 евра, а сместување во полуксузните хотели достигнува и до 1.587 евра. Во Будва има понуди од само 180 евра за седум дена, до 16.380 евра за престој во одморалиште со поглед на море.
Албанија е најевтината опција за одмор на Јадранското море. Во Драч се нуди ноќевање и од 24 евра со појадок, а цените не надминуваат 120 евра во најскапите хотели. Цените се слични и во Валона, околу 26 евра по ноќ со појадок, додека на југот од земјата, во популарните Ксамил и Саранда, сместување во хотели со три ѕвездички чини околу 30 евра, пишува српски БизнисКурир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на сет лежалки во Грција од 10 до 20 евра, без пијалок
Фото: Унсплеш