Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје лани од закуп на деловен простор, магацини и тераси има приходи од 23.592.145 денари, кои споредено со претходната година бележат раст од 4%, стои во годишниот извештај за работењето на Друштвото минатата година, објавен преку Македонската берза.
Приходите од паркингот се повисоки и изнесуваат 33.321.510 денари и истите бележат раст од 5%, споредено со претходната година.