Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржала седница за разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оценила дека во Македонија е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и дека здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата, информираа од Министерството.
-Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.
Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – андес варијанта, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка.
Комисијата истакна дека андес варијантата, за разлика од останатите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е да се нагласи дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не ни треба нова паника: Епидемиологот Даниловски за хантавирусот
Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје
Фото: МЗ














