Косово доби нова влада, Курти по трет пат премиер

Соседно Косово доби нова влада. По трет пат премиер ќе биде Албин Курти.

Истата ја сочинуваат 19 министри и тројца потпретседатели.

Потпретседатели ќе бидат министерот за надворешни работи Глауко Коњуфца, новиот министер за правда, Доника Гервала и министерот за малцински прашања, Фикрим Дамка.

Министер за финансии ќе биде Хекуран Мурати, министер за труд, семејство и социјална заштита, Андин Хоти, министер за одбрана, Ејуп Мацедончи, министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, министер за јавна администрација и дигитализација, Луљзон Јаџију, министер за здравство, Арбен Витија, министер за образование и наука, Хајрулах Чеку, министерка за култура, Саранда Богујевци, министер за спорт, Бљерим Гашани, министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи, министерка за животна средина и просторно планирање, Фиторе Пацољи, министер за земјоделство, Арменд Муја, министер за инфраструктура, Димаљ Баша, министерка за трговија, Мимоза Кусари, министерка за економија, Артане Ризваноли, министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ и министер за регионален развој, Расим Демири.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести