Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на кандидатите за градоначалници на уште 11 други општини.
Во Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор на партијата, во Босилово, Мариче Кармазичева, а за Куманово, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
Во Карбинци ќе биде Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски, во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев, а кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски.
Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Асен Шајн, а во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација.
Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски, а во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
По објавата на имињата, актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов информираше дека го замрзнува членството во партијата.
„Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај. Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.
Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори. Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан. Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот. Јас не сум случаен градоначалник.
Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар. Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека – ги градев како да ги правам за моето семејство. Затоа не победував јас – победуваше Струмица,“ напиша меѓудругото Костадинов, на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се старо-новите имиња за кандидати за градоначалници на СДСМ во 19 општини
Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се