Обвинителниот акт на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за криминалната група „Беланоца-Барон“ откри вознемирувачки детали за бројни убиства кои ги извршиле членови на групата, а е едно од нив е и убиството на Ибраин Ајдини, кој според нарачателот на убиството, предал обвинетите за убиството на четирите момчиња и еден маж кај Смилковското езеро на Велики четврток во април 2012 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој беше убиен во август 2020 година, а за неговото убиство радикално движење платило 10.000 евра. Ајдини бил убиен во неговиот дом, со истрел во главата.
Нарачателот на убиството сметал дека Ајдини ги предал обвинетите во овој случај познат како „Монструм“, избеганите во Косово, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.
На нивна екстрадиција од Косово, Македонија чека со години.
Во масакрот беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски.