Велешки Кристал 1923 со добивка во третиот квартал

Кристал 1923 АД Велес во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 1.392 илјади денари, а во истиот период од претходната година имаше добивка од 11.636 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-За девет месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 678.089 илјади денари и во однос на лани за истиот период, истите се зголемени за 19%.

Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се зголемени.

Расходите за девет месеци оваа година изнесуваат 676.092 илјади денари и во однос на претходната година се зголемени за 21%.

Од наведеното може да се заклучи дека добивката произлегува поради зголемување на приходите во однос на трошоците, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кристал 1923 со загуба во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести