Кривична за таткото од струмичко што си го врза детето со јаже околу вратот и рацете, за да признае кражба

Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч. (57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете” по член 201а од КЗ, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател.

Тој насилството го снимил со мобилен телефон.

Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Татко од струмичко си го врзал детето со јаже околу вратот и рацете за да признае кражба, полицијата го најде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести