Kривична за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за околу 4 милиони денари

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, заради злоупотреба на службена положба и овластување, информираа од таму.

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д .(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик,

Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на Општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на Општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата.

На тој  начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка, Правилникот за систематизацијата на работните места, со што на адвокатите им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420 милиони денари или околу 64.000 евра, информираа од таму.

Фото: Фејсбук/Дехари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести