Куче затворено во напуштен автомобил, не е прв пат лицето да малтретира животни

На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови, информираат од Лајка.

„Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на стабилизирање на нејзината психофизичка состојба, а случајот е пријавен до надлежните институции.

Според сведоштва од жители на местото, ова не е прв пат истото лице да држи животни во вакви услови. Претходно, биле забележани уште две кучиња од расата кане корсо кои исто така биле чувани во запуштени, нехумани услови.

Станува збор за континуирано и сериозно кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, кое бара итна реакција од институциите.

Апелираме до надлежните органи да постапат со целосна сериозност и да преземат мерки за да се спречи понатамошно загрозување на животните од страна на ова лице,“ се вели во соопштението.

Од Лајка потсетуваат дека затворање на кучиња во автомобили, особено во лето, може да доведе до фатални последици за само неколку минути.

Фото: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести