Доцна синоќа во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од Секторот за вннатрешни работи (СВР) Скопје, ги лишиле од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје, соопштија од полицијата.
-Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода, велат од таму.
Фото: МВР