Лидл ќе има и во Општина Аеродром

Освен на местото на поранешниот простор на „Бриколаж“, Општина Гази Баба, во Општина Карпош и во Драчево, Општина Кисела Вода, како што пишуваше изминатиов период еМагазин, германскиот синџир на маркети „Лидл“ во Скопје ќе гради маркет и во Реонскиот центар во Општина Аеродром.

Станува збор за парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“, чиј камен-темелник ќе биде поставен денеска.

Како што пишуваше веќе еМагазин “Лидл“ планира маркети и во Битола, Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Кичево, Гостивар… Дел од овие маркети се веќе изградени, а дел се во процедура на градба.

Засега нема официјална информација кога ќе се отворат првите маркети на „Лидл“. Стратегијата на компанијата е да отвори повеќе маркети истовремено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Лидл во Општина Аеродром ќе се протега на 1.200 квадратни метри

Лидл ќе има и во скопски Карпош

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести