Кадарот на Алтернатива од владејачката коалиција Вреди, Лулзим Алиу, поднесе оставка од позицијата заменик-министер за образование и наука.
Како што информираше истата била резултат на лична одлука, а ја донел за да се посвети на истражувачко-научна работа и семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка
Кој е Алиу
Роден е 1977 година во Кичево.
Основно и средно образование завршил во родното место.
Во 1999 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ги завршил студиите по албански јазик и книжевност, а во 2006 година се стекнал со звањето Магистер по филолошки науки, бранејќи ја темата „Јазикот во народни албански песни од кичевскиот регион“.
На истиот факултет во 2011 година ја одбранил докторската дисертација на тема: “Граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од албански на македонски јазик“, стекнувајќи се со звање Доктор по филолошки науки.
Политичка кариера и работно искуство
Во периодот од 2022 до 2023 година е заменик министер за образование и наука, а од 2023 до 2024 година, продекан за образование на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 2009 година работи/предава на Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а дополнително е ангажиран и на Универзитетот во Тетово каде реализира настава по предметот албански јазик.
Во 2020 година се стекнал со наставно-научно звање редовен професор на Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје по предметите: методика на наставата по албански јазик, литература за деца, компаративна/креативна книжевност, литературна работилница, за студентите од одделенска и предучилишна настава на албански наставен јазик.
Во 2020 година е избран за раководител на Институтот за предучилишно воспитание при Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Во периодот од 2014 до 2018 година е раководител на втор циклус на студии на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, а истиот период е и член на Комисијата за формирање на списокот на училишните лектири за основното образование, активност координирана од Биро за развој на образованието.
Тој е и судски овластен преведувач од албански на македонски јазик и обратно.
Во период од 10 години работи во општинско основно училиште во Кичево.
Зборува македонски јазик и другите словенски јазици, како и англиски.
Фото: Фејсбук/Алиу













