Неготинчанец му се заканувал на градоначалникот Стојанов и му барал 3.000 евра

Жител на Неготино му прајќал смртни закани преку анонимен Фејсбук профил на градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов и на неговото семејство, обидувајќи се од градоначалникот присилно да земе 3.000 евра.

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка за него, а тој е осомничен за кривичните дела Изнуда и Загрозување на сигурноста.

Со заканите почнал на 2. септември и продолжил во периодот од 4 до 18. септември.

Во неколку наврати тој испратил пораки со смртни закани за градоначалникот и на официјалната електронска пошта на Општината.

-Бидејќи постојат опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести