Од М-НАВ АД Скопје денеска информираа дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром.
Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работело на отстранување на дефектот кој се појавил на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид.
-На 24. септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25. септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, велат од таму.
Од таму посочуваат дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид била нефункционална, во ниту еден момент безбедноста на воздушниот сообраќај не била доведена во опасност.
Како што велат од таму, единствено бил намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се расипа единствениот исправен радар на Скопскиот аеродром
Фото: М-НАВ