Пожарникари од Велес спасувале мајка и дете во автомобил заглавен во вода поради невремето

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа околу 19 часот спасиле мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“.

Според информациите од ТППЕ Велес, возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле самите да излезат.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ноќната смена, двајцата биле успешно и безбедно извлечени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром предизвика пожар во производствениот погон на BioCosmos во Велес

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести