Македонија и САД на 7. април ќе одржат сесија од стратешкиот дијалог, кој ќе биде во македонската делегација?

Македонија и САД на 7. април во Вашингтон ќе одржат сесија од стратешкиот дијалог, воспоставен во 2022 година.

Информацијата во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во македонската делегација освен Муцунски, во САД ќе патуваат и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Домаќин пак ќе им биде заменикот-државен секретар на САД, Кристофер Лендау.

Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД е формална рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво. Главните области на соработка се безбедноста и одбраната, енергетиката, економијата и инвестициите, владеењето на правото и геополитиката.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести