Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп ќе дели дивиденда од 101 денар бруто

На престојното Собрание на акционери на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

За таа цел се предвидени 92.655.529 денари бруто, обезбедени од акумулираната нераспределна добивка на Друштвото од претходните и тековната година.

Висината на дивидендата по акција е 101 денар бруто или 8.18% од номиналната вредност на една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда 24.06.2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со драстичен раст на добивката во првиот квартал

Како работела Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп лани

Фото: Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести