Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 55.2 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани во истиот период Друштвото имало добивка од 7.9 милиони денари.
За овој период Друштвото има приходи од 491,2 милиони денари, кои се намалени за 1,7%, споредено со истиот период лани и расходи од 435,7 милиони денари, кои се намалени за 12,8%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп лани
Промени кај функциите на членовите на НО на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп
Фото: Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп














