Дебарски бањи-Цапа АД Дебар, традиционално во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго ги објави и месечните плати на членовите на Одборот на директори (ОД).
Друштвата кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија, кои објавуваат ваков податок, се многу ретки.
Меџит Цапа, кој е председател на Одборот на директори, и е пензионер, добил 145.000 денари награда како неизвршен член на Одборот.
Албиона Риза, извршен директор, имала 124.300 нето плата.
Трим Кемали, заменик извршен директор, имал 124.300 нето плата.
Шпреза Цапа, неизвршен член на ОД, кој е пензионер, добил 145.000 награда како неизвршен член.
Никола Темелкоски, неизвршен член на ОД, кој е пензионер, добил награда од 40.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебарски бањи – Цапа лани со зголемена добивка













