Македонија останува “делумно слободна“ земја: Извештај на „Фридом хаус“

Според извештај на „Фридом хаус“, „Слободата во светот“, за минатата година, Македонија и понатаму е “делумно слободна“ земја.

Како и лани земјата од највисоката можна вредност – 100, има индекс на слобода 67.

Политичките права се оценети со индекс 28 од можен 40, а граѓанските слободи со 39 од можни 60 поени.

Во извештајот за Македонија меѓу друго се посочува дека новинари и активисти се уште се соочуваат со притисоци и заплашување.

Од регионот во „делумно слободни“ земји се и Црна Гора, која котира подобро со индекс 69, Албанија, која исто така е рангирана подобро со индекс – 68, како и Косово (60), Србија (56) и Босна и Херцеговина (52).

Србија и Бугарија пак се меѓу земјите каде што се забележуваа најголем пад на слободите во текот на претходната година.

Рангирањето на „Фридом хаус“ се заснова на два критериуми – политички права и граѓански слободи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести