24-годишен скопјанец починал на гости кај другар му

Момче на возраст од 24 години починало вчера во Скопје.

Станува збор за М.С. (24) од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тоа било пронајдено во бессознание од неговиот другар, Н.Г. (26) од Скопје, кој го пријавил случајот во полиција.

Како што кажал тој во полицијата, починатиот бил кај него на гости. Дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил, го нашол во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Телото на момчето е дадено за обдукција, за да се утврдат причини за смртта.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести