Македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион

Неколку македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тие ќе бидат пренесени во некоја соседна земја, најверојатно во Египет.

Моментално девет македонски граѓани бараат помош од државата за евакуација од Израел.

Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија пред неколку денови ги повика македонските граѓани да не патуваат во Израел и Иран, поради вооружениот конфликт помеѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимки од дрон покажуваат серизона штета во повеќе места во Израел по противнападите од страна на Иран

Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте

22 македонски државјани побрале помош да го напуштат Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести