Македонскиот лекар кој прегази куче во Софија, привремено остана без работа

Лекарот по потекло од Македонија, кој прегази куче во Софија, Бугарија, привремено нема да работи во Воено-медицинската академија, додека трае истрагата, пренесуваат бугарските медиуми.

Тие го објавија и неговиот идентитет и фотографии од него. Се работи за Ненад Цоневски.

Цоневски негира дека намерно го прегазил кучето, кое било маалски миленик.

Ако се докаже дека имал намера да го направи тоа, му се закануваат и затворска и парична казна.

За случајот истрага отвори и тамошното Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Македонец предизвика бура во Бугарија откако прегази куче во Софија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести