Македонските градежни компании со драстично намалена работа во странство во првото полугодие

Државниот завод за статистика информираше дека во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари.

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 61.785 илјади денари, што е за 70.7% помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 33.714 илјади денари, што е за 68.2% помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести