Како и што најавија претходно од “Макпрогрес“ од Виница, компанијата по големиот пожар трајно намали дел од цените на производите, а дел акциски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е “Макпрогрес“ во чија фабрика „Винчини„ имаше голем пожар
Од вчера има трајно намалување од 10% на цените на 114 производи од брендовите „Роки Винчини“, “Сончева Долина“, “Натура„ и „Фантазија“, како и акциско намалување на 12 производи од “Винчини“ во висина од 10% за време на месец септември, информираа од таму.
-Во следниве денови ова намалување треба да биде видливо во малопродажната мрежа. За “Макпрогрес“ периодот што следи е период на опстанок на работните места и овие намалувања на цените се допринос кон вработените и нашите потрошувачи кои ни ја даваат неизмерната поддршка, велат од таму.
Од компанијата информираат и дека отпочнале со преговори за набавка на машини и опрема од неколку светски реномирани производители и во наредниот период очекуваат да потпишат договори за набавка на опрема со цел обнова на фабричките капацитети.
За денеска најавуваат потпишување договор за кредитно задолжување со цел отпочнување на ре-обнова на производните капацитети.
-Во понатамошниот период ќе следи и дополнително задолжување за набавка на машини и опрема за фабриката, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре пак во Стопанската комора ќе имаат средба со водечките ланци на маркети и пошироката бизнис заедница за да го презентираат планот за ре-обнова и ќе дискутираат за можностите за поддршка од страна на малопродажбата во насока на поттикнување на поголема продажба на производите на „Макпрогрес“, но и обратно како “Макпрогрес“ да се вклучи во зголемување на соработката со маркетите, а со цел задржување на сите работните места и задржување на животниот стандард на вработените.
Од таму информираат и дека сите, освен еден пожарникар, што беа повредени во пожарот и беа хоспитализирани се пуштени дома и се чувствуваат добро.
Еден од пожарникарите останува хоспитализиран и неговата состојба е добра и се следи од здравствените служби и од тимот за грижа на „Макпрогрес“, велат од таму.
-Кон крајот на месец септември, “Макпрогрес“ ќе организира настан за благодарност и солидарност каде ќе им укаже признанија на сите херои инволвирани во интервенцијата за гасење на пожарот.
Надлежните институции интензивно работат на проценки за причините и последиците од пожарот и повторно апелираме да се почекаат на официјалните известувања од надлежните органи, подвлекуваат од таму.
Вчера сите вработени на “Макпрогрес“ почнале со работа на средување, чистење и дезинфекција на производните капацитети како би можеле од понеделник да започнат со редовно производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Менаџментот на „Макпрогрес“: Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа
(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“
Фото: Макпрогрес