Како работел штипски Макпромет во првите девет месеци

Макпромет АД Штип во првите девет месеци од годината остварил добивка од 7.148 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените оперативни приходи во периодот од 01.01-30.09.2025 година во износ од 215.464 илјадa денари се состојат од: приход од продажба на производи во домашен пазар во износ од 80.440 илјади денари, приход од продажба на странски пазар 129.700 илјади денари и останати оперативни приходи во износ од 5.324 илјади денари.

Вкупните оперативни расходи изнесуваат 208.316 илјади денари и се состојат од: трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 119.281 илјади денари, набавна вредност на трговска стока во износ од 5.251 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 9.585 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 63.521 илјади денари и останати оперативни трошоци во износ од 10.678 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел штипски Макпромет во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести