Макстил АД Скопје лани остварил добивка пред оданочување од 509 милиони денари и истата е повисока од остварената во 2024 година, соопштија од таму преку Македонската берза.
Нето добивката изнесува 447 милиони денари, и е повисока од остварената во минатата година.
-Зголемувањето на нето добивката се должи на признавањето како приход на солидарниот данок, кој беше исплатен во текот 2023 година, велат од таму.
Друштвото за овој период има приходи од од 8,12 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи и учествуваат со дури 95%.
-Споредено со 2024 остварените приходи од работењето (8,43 милијарди) се пониски за 4%. Во 2025 бележиме намалување на остварените приходи од продажба, што се должи на намалената реализација на лимови во споредба со претходната година.
Остварените расходи во текот на 2025 година изнесуваа 7,13 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 96%. Споредено со 2024 година остварените расходи од работењето (7,56 милијарди денари) се пониски за 6%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промени во менаџментот на Макстил
Марија Дуковска-Павловска избрана за генерален директор на Макстил
Кој се е во Одборот на директори на Макстил














