Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 24.05.2026 година во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи (СВР) Скопје ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот, дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.
-Со таткото на малолетничката Б.К. (38), е извршен службен разговор и е известен јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.














