Во Македонија денеска доаѓа еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Во интервју за државната агенција МИА, таа меѓу друго посочува дека досега немало случај земја кандидатка за членство во Европската унија (ЕУ) да добие гаранции дека за неа нема да се појави друг спор за време на пристапниот процес до ратификацијата на договорот за пристапување од последната од 27. земји членки.
– Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност, нагласува Кос, која во интервјуто кажува и дека Македонија покажала дека може да испорача резултати кога има политичка волја.
Посочува и дека напредокот во преговорите бара клучен елемент: доверба меѓу земјите кандидати и земјите членки.
– Таквата доверба првенствено се гради врз два елемента: исполнување на обврските и ставот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји членки. Ова почнува со добрососедски односи. Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува побезбеден. Убедена сум дека ова би било случај и за Северна Македонија, вели таа.
Во Скопје таа денеска ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, кој во неколку наврати побара гаранции од ЕУ за да се спроведат уставните измени, со вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски не очекува промени во преговарачката рамка со ЕУ
Фото: Влада














