Маж на возраст од 75 години вчера бил пронајден починат во шахта за водовод.
Се работи се А.Џ. од гостиварското село Дебреше.
– С.Р. пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75), информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш













