Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Е.Б. (36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.
Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.














