Маж загина откако излетал кај обиколницата во Богданци

Маж на возраст од 66 година загинал вчера откако излетал од патот со возило „рено клио“ кај обиколницата во Богданци.

Станува збор за Љ.С. од Богданци, а како што информираа од ОВР Гевгелија, тој од повредите починал на лице место.

Лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт, а неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести