Мажи на 25 и 36-годишна возраст пронајдени починати во Скопје

Маж на возраст од 36 години вчера е пронајден починат во дом на негов другар во скопска Кисела Вода.

Станува збор за Б.П. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Денеска, 20 минути по полноќ, пак е пријавено дека е пронајден починат 25-годишен маж, исто така од Скопје.

Неговото тело како што информираа од полицијата е пронајдено во напуштена куќа во Центар.

Се работи за Е.Р. од Скопје, а како што информираа од полицијата, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести