Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, предизвикана од убиството на најбараниот нарко-бос во земјата, Немесио Рубен Осегуеро Сервантес (60), познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос и насилство во Мексико откако е убиен нарко-босот Ел Менчо
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Вашингтон, САД: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected].














