На престојниот Конгрес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на 6. декември во Кавадарци се очекува актуелниот лидер Христијан Мицкоски да биде реизбран на оваа функција. Друг кандидат за претседател на партијата нема, кажа тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Оваа ќе биде негов трет мандат од четири години за да ја води партијата, чии Статут предвидува претседателот на партијата да има право на најмногу три мандати, што значи дека ова ќе биде негов последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во интервјуто вели дека тој не подржува било каква иницијатива за промена на тој дел од Статутот.
Исто така вели и дека во иднина не планира да се кандидира за претседател на државата.
–Тие што ме знаат и го знаат мојот карактер, знаат дека јас немам таква амбиција и мислам дека и тоа сценарио го исклучувам од мојот политички ангажман во иднина, кажа тој.
Фото: Влада














