Вчера од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека три месеци по пожарот во т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица е поднесено обвинение.
Истото е поднесено за 34 физички и три правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Сите лица се товарат за кривичното дело – тешки дела против општата сигурност, освен едно. Тоа е обвинето за примање мито за изготвување на лажните лиценци за да може објектот да функционира како кабаре клуб.
За 11 лица, кои беа осомничени, пак, е запрена постапката, бидејќи засега немало доволно докази. Меѓу нив се и поранешни министри, чии имиња не беа соопштени од страна на ОЈО.
Повеќе медиуми објавија дека постапката е запрена за поранешните министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири.
Во обвинението пак остануваат поранешните министрите за економија Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои поранешни градоначалници на Кочани се обвинети за пожарот
Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев