Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) чека да заврши обдукцијата на тројцата убиени во Боливија и да се утврди нивниот идентитет, за да потврди дали меѓу нив како што објавија српските медиуми, има и Македонец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
.(Видео) Македонец од Струмица со двајца Срби убиен во Боливија
Од таму информираа дека македонската амбасада во Бразил е во постојана комуникација со Амбасадата на Боливија во Бразилија, и се чекаат официјални информации за жртвите и околностите на настанот од боливиските власти.
Според српски Курир, убиениот Македонец е 42-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, кој го викале “Македонец“.
Другите двајца се Срби, а неофицијално тие биле убиени во престрелка помеѓу нарко картели. Телата им биле пронајдени во црни вреќи.