Мода АД Свети Николе во првите девет месеци од годинава остварила загуба од 7.686 илјади денари, која e помала во однос на остварената загуба за истиот период минатата година, информираа од Друштвото преку Македонската берза.
Лани во овој период Друштвото имало загуба од 16.968 илјади денари.
Друштвото остварило оперативни приходи од 208.470 илјади денари, кои се зголемени во однос на истиот период лани и оперативни расходи од 216.306 илјади денари, кои се исто така зголемени.