Момчето кое го прегази 68-годишниот скопјанец од куќен оди во затворски притвор

Фатон Љ. (25) кој на 1. јули со мотор го прегази 68-годишниот Југослав Николовски на пешачка патека кај паркот на Франкофонијата во Скопје, кој подоцна почина, од куќен оди во затворски притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо во Шутка, куќен притвор за момчето кое усмрти пешак кај „Жабар“ и побегна

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство кое наместо куќен бараше затворски притвор.

Како што е познато момчето по несреќата избега, а беше приведено неколку дена подоцна.

Николовски буквално беше прегазен под прозорецот на неговиот стан. Излегол надвор да фрли ѓубре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона пред сопствениот прозор“: Се огласи ќерка на прегазениот 68-годишен скопјанец

Без возачка и претходно осудуван за други дела: Се бара притвор за 25-годишниот мотоциклист кој усмрти пешак кај „Жабар“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести