Сега веќе поранешниот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше разрешен вчера откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како шмрка кокаин се извини на својот профил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) По шокантно видео како шмрка кокаин, разрешен директорот на неврологија, Игор Кузмановски
Тој изрази „длабоко каење“ и наведува дека снимката била направена „далеку“ пред да стане директор на Неврологија.
„Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови“, пишува тој и вели дека се повлекува од директорската функција.
“Се извинувам на сите кои ги разочарав, и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам, да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата“, пишува Кузмановски.
Фото: Кузмановски