Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, од својата фирма која ја основа таму, I.C.I.C. Kft., си исплатил дивиденда од 5.000 евра, објави Фокус.
Фирмата, која е на т.н. црна листа на САД, ја регистрираше во јули 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД работи на нова „црна листа“ за Западен Балкан, кој ќе заврши на неа од Македонија?
Според годишниот извештај за 2024 година, фирмата имала продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од годината претходно, кога имала 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда, пишува Фокус.
Истата нуди бизнис-консалтинг, лиценцирана е и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација, а во 2022 година ги прошири своите бизнис-можности, регистрирајќи уште 10 дополнителни дејности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија
Продаден дел од имотот на Груевски за двојно повисока цена
На продажба станови на Груевски, на колку се проценети?
фото: Груевски/Фејсбук