На најмалку 128 лица се зголеми бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг, Кина, со осум кули, а околу 200 лица се уште се водат за исчезнати.
Десетици лица се хоспитализирани, од кои дел се во тешка состојба.
За пожарот засега се уапсени три лица од градежна компанија, а се уште не е позната причината за истиот.
Во комплексот живеат околу 4.600 лица.
Се верува дека градежната компанија грубо ги занемарила безбедносните стандарди, што директно довело до катастрофата.
Овој пожар се смета за најсмртоносниот во Хонг Конг од 1948 година, кога 176 лица загинаа во опожарен магацин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш/видео: Sky News














