На потценувањето на новинарите мора да му се стави крај, апелираат од ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразува револт од третманот на новинарите и медиумите на Мечкин Камен во Крушево при прославата на Илинден. Од таму информираат дека новинарите кои требало да известуваат од настанот се соочиле со ограничен пристап до локацијата, како и со недостаток на простор за работа. Според објаснувањето што им било дадено, местото било резервирано за делегациите.

„Оваа пракса не е нова и сведоци сме дека се повторува при секоја поголема прослава во организација на државните институции што говори дека луѓето што се задолжени за медиумите немаат чувство, ниту знаење или едноставно не сакаат да ги обезбедат минималните услови кои се неопходни за работа на новинарите. Истите притоа не водат сметка за начинот и ефектот на кој, на јавноста ќе и биде доловен амбиентот, и испратена веста за одржана манифестација, а во овој случај станува збор за најзачајната за македонската државност,“ велат од ССНМ.

Од таму сметаат дека на ваквиот приод на државните службеници кој е заснован, пред се, на непочитување на медиумите и потценување на новинарите и сите медиумски работици мора да му се стави крај, зошто постои сериозна опасност во следниот случај граѓаните да останат и без основната информација.

„Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува најодговорните во земјава да соработуваат со медиумските организации и заеднички да најдат решение зошто продолжение на ваквиот континуиран третман на гласот на јавноста ќе доведе и до нарушување на основното демократско право за правовремено и точно информирање,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо извештаи, влечевме опрема со километри: Новинарите револтирани од односот на полицијата за прославата на Илинден во Крушево

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести