Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен, внатрешната контрола утврдила непрофесионалност во постапувањето

Началникот од Демир Хисар, Роберт Мартиновски, кој бараше директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска, по претрес во нејзиниот дом и автомобил, да биде однесена на носилка на информативен разговор во полицијата, ќе биде разрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Директорка на училиште во Демир Хисар сакаа да ја водат на информативен разговор на носилка, под истрага е началникот кој го бараше тоа

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Одделот за внатрешна контрола утврдил непрофесионално однесување за време на претресот во домот на директорката.

-Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.

Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на училиштето во Демир Хисар ќе оди на информативен разговор, со нејзиниот адвокат ќе бараат да се констатира и кој провалил во училиштето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести